Најдобриот тутор по математика, достапен 24 часа на ден, бесплатно.
Зошто Умниверзум?
Затоа што е најдобриот тутор по математика во
светот.
Решава. Вежба. Подучува. 100% AI.
Прашај „сѐ“.
Со помош на AI, добиј детални, чекор по чекор објаснувања за сите математички теми и проблеми, од основи и алгебра до тригонометрија.
Збирот на внатрешните агли во еден петаголник изнесува ___ степени?
Чекор 1:
Збир на внатрешни агли = (n - 2) × 180°, каде што n е бројот на страни на многуаголникот.
Прикачи задача.
Сликни задача од учебник или од тетратка и Умниверзум туторот ќе ги препознае и обработи без никаков проблем.
Освојувај поени.
Умниверзум ќе ти даде детален фидбек, персонализирана аналитика, но и ќе те рангира меѓу останатите корисници.
Вежбај.
Побарај да вежбаш од неограничениот каталог на задачи во Умниверзум или пак да се подготвуваш за тест. Умниверзум може да ти предложи задачи од основно ниво, до задачи за математичка олимпијада.
1.0 Brainster Intelligence
Спореди ги перформансите на протоколот на Умниверзум 1.0 BI со некои од најдобите AI алатки.
1Умниверзум 1.0 Brainster Intelligence е иновативен протокол кој интегрира четири напредни јазични модели (GPT-4o, Claude 3.7 Sonnet, Gemini 2.0 Flash и Mistral Large). Протоколот воспоставува структурирана меѓумоделска комуникација, овозможувајќи им да соработуваат, да ги анализираат информациите од различни перспективи и да постигнат консензус за најточниот одговор. Преку овој колаборативен пристап, Умниверзум целосно ја намалува можноста за халуцинации, обезбедувајќи прецизни и веродостојни резултати. Доколку четирите модели не постигнат 100% согласност дека одредено решение е точно, Умниверзум ќе го извести корисникот дека нема соодветно решение за задачата, наспроти да даде неточен одговор.
2 Kористење на функционалноста за неструктурирана, отворена комуникација со туторот кога не е вклучен протоколот Brainster Intelligence, може да резултира со содржина со помала точност.
Кој го изгради Умниверзум?
Нашиот тим на студенти и професори од Brainster Next колеџот и алумни студенти од Brainster академиите, несебично ја изградија платформата Умниверзум за сите средношколци во Македонија со цел да се поттикнат младите да инвестираат време во изучување на математиката и да се зголеми љубовта кон истата.

Виктор Трајковски
Студент на дигитален дизајн

Бојана Коцевска
Студент на дигитален дизајн

Ангела Апостоловска
Студент на софтверско инженерство

Даниела Икономова
Софтверски инженер

Ѓорѓи Јаневски
Ментор и професор

Ивица Пешовски
Ментор и професор
Сакаш математика? Мразиш математика?
Умниверзум не суди. Умниверзум е за сите.
Приклучи се и ти, за
Умниверзум да стане и твој личен тутор по математика.